Џафери го потпишал решението за избори

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчеравечер го потпишал решението според кое предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули годинава.

Loading...

„Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот“, соопшти утрово Џафери.

Инаку лидерите на двете најголеми политички партии во земјава вчера постигнаа договор за избори на 15ти јули.

„Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните“, додава Џафери.

Никола Ивановски

Leave a Reply