Џабе им е титула, кога нема кој да и се радува (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

МЗТ Скопје Аеродром по петти пат стана шампион (за МКФ), но што вреди кога во Скопје нема кој да ги пречека и кој да им се радува, ниту на Луковиќи и компанијата, ниту на освоената титула.

 

Loading...

 

Откако видоа дека Кумани и симпатизерите на КК Куманово и во Скопје се погласни од нивните дечиња, кои ги ослободуваат од часови за да дојдат на натпреварот, како на екскурзија на Водно, вечерва координирано со судиите наредија празнење на Спортската сала во Куманово.

Се бркаа жени, деца, пендрекот заигра по многумина. Зошто? За да нема кој да ги бодри сино-белите до првата титула? Затоа што се исплашија дека нема нив кој да ги бодри? Затоа што навивачката група Фемили Ародром им го сврте грбот, поради лошото менаџирање на клубот? Затоа ли се играше пред празни трибини во Куманово и беа скршени илјадници срца на кумановчани?

 

 

Политиката официјално го погреба и во спортот во Македонија. Наместо да се игра за публика, се играше за пари, се играше Скопје – Куманово, позиција – опозиција.

 

 

Loading...

Изабраниците на Марјан Србиновски, на чело со него ги прифатија сребрените медали само за да не бидат казнети, по што веднаш истите ги извадија и спуштија. Истите за нив не значат пораз, затоа што за кумановци се знае кој е шампион.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.