Двојно повеќе починати од новородени во Куманово последното тримесечје од 2020

Сподели со своите пријатели

Двојно повеќе лица почнале отколку што се родиле деца во текот на последните три месеци од 2020 година во Куманово, покажува најновата публикација на Државниот завод за статистика.

Loading...

Во текот на октомври, ноември и декември 2020 година во Куманово се родени 267 деца, но починале 470 лица. Со тоа природниот прираст е рекордни -203.

Споредбено со последното тримесечје од 2019 година евидентен е огромен раст на морталитетот на населението. Тогаш според податоците на ДЗС, родени биле 245 деца, но починале 265, односно 205 смртни случаи помалку биле забележани во 2019та.

Во последните три месеци од 2020 година биле склучени 111 бракови, а разводи немало.

Липково е единствената општина во североисточниот регион со позитивен природен прираст. Таму во октомври, ноември и декември 2020та се родиле 70 деца, а починале 58 жители, односно природен прираст 12. Биле склучени 38 бракови, а нема регистрирани разводи.

Во Општина Старо Нагоричане се бележи негативен природен прираст од -21, односно се родиле пет дечиња, а починале 26 лица.

Никола Ивановски

Leave a Reply