Дводневна жалост во Тетово

Сподели со своите пријатели

Советот на општина Тетово на вонреден состанок одржан во вторник донесе одлука да биде прогласена дводневна жалост во среда и четврток, во чест на жртвите што ги загубија животите во поплавите во тетовско.

Loading...

Општина Тетово донесе одлука и за откажување на Тетовското културно лето.

Во текот на силното невреме, проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, што од 18 до 19 часот вчера го зафати поширокиот тетовски регион, четири лица го загубиле својот живот: Хашим Ф.(83) од Шипковица, А.М.(14) од Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од с. Шипковица.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.