Дводневна предновогодишна забава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово ќе организира дводневна предновогодишна забава за најмалите.

Loading...

На 27ми декември во Занаетчискиот дом ќе се одржи новогодишна детска претстава со почеток во 11 часот.

Истиот ден на истото место, но со почеток во 20 часот концерт ќе одржи оперскиот пејач Дарко Тодоровски.

Утредента забавата се сели на градскиот плоштад, кога во 16 часот најмалите ќе имаат можност да уживаат во ногодишно шоу на жонглерот и аниматор Дарко Ѓурчиновски.

Еден час подоцна ќе пристигне Дедо Мраз и ќе се одржи дефиле на маскоти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!

Од 18 часот ќе започнат и концертите, а ќе настапат Teen Camp, Дупер и кумановецот Тајзи.

Влезот за сите заинтересирани е слободен.

Никола Ивановски

Loading...