Двочасовен прекин на патот Охрид – Кичево поради минирање

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на патот Охрид – Кичево денеска ќе биде во прекин од 14 до 16 часот во делот од планинскиот превој Пресека до селото Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање).

Loading...

Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правца. Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај селото Доброште е исчистен, и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.

Кај селото Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се корисити патот низ селото.
Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата Орашје и Нераште.

Сообраќајот на сите патишта се одвива по суви коловози.

Фото: Денешен.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.