Двеста семејства од тетовскиот регион останаа без покрив на глава

Сподели со своите пријатели

Црвен крст на Македонија денеска ќе згрижи околу 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица кои, според првичните проценки, се најоштетени и загрозени од завчерашните врнежи.

Loading...

Како што изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, веќе се обезбедени и првичните количини вода, храна, средства за хигиена, дезинфекција и ќебиња, пренесува МИА.

– Нашите тимови се постојано на терен, даваат препораки и во целост ја следат состојбата, истакна Саити по денешното примање на донацијата од австрискиот Црвен крст за македонските болници.

Состојбата во Тетовско се следи континуирано и од здравствен аспект. Направен е целосен увид во водоводната и канализациската мрежа. По расчистувањето на теренот, ќе почне и дезинфекцијата.

– Уште вечерта кога се случи катастрофата, тимовите отидоа на терен. Покрај локалните, вклучивме и екипи од здравствените домови во Скопје и Гостивар, а пристигнаа и специјалистите по хигиена и епидемиологија од Регионалниот центар за јавно здравје во Тетово. Сите институции вклучени во Координативното тело што го формира Владата, максимално ги ставија на располагање своите расположливи средства за настраданите, вели заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.

За состојбата во Тетовско, заклучно со вчера, помош до Црвениот крст на Македонија понудиле Црвениот крст од Албанија и од Бугарија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.