Две прекршувања на полицискиот час во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица во текот на изминатото деноноќие го прекршиле полицискиот час во Куманово, додека во последното деноноќие вкупно 81 казна напишала полицијата на кумановци кои ја прекршиле Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22.04/23.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 119 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се издадени во Куманово 81, во Крива Паланка 19 и во Кратово 19.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период две лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply