Во период од 09:15 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите од населбата Ѓорче Петров, а во период од 08:30 до 15:00 часот во прекин ќе биде и електродистрибуцијата во населбата Железничка станица, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија, со цел интервенција во електричната мрежа со цел подобрување на услугата кон корисниците.
Во моментот нема други дефекти во градот, велат од РЦУК.

