Две млади кумановчанки ќе одговараат за насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.П. (18) и седумнаесетгодишно девојче, двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 05 февруари околу 13.00 часот во Куманово на ул. „Народна Револуција“ , без повод и причина, физички нападнале малолетничка од Куманово која се движела пеш при што и нанеле телесни повреди во пределот на главата и телото.