Две лица загинаа во нов напад на Газа

Сподели со своите пријатели

Израелската армија продолжи со нападите врз терористички цели во Појасот Газа, при што загинаа две лица.

Loading...

Едно лице е убиено во близина на Кан-Џунис во јужниот дел на Појасот Газа, а мотоциклист е застрелан во населбата Шеџаија.

Да потсетиме, од утрово во тек е уништувањето на воените позиции од кои неуспешно беше цел на Израел во текот на ноќта и утрото.

Израелскиот противракетен систем „Железна купола“ ги одбил сите напади, по што беа погодени 40 локации, при што загинаа најмалку 10 лица.

Израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле ќелија на палестинскиот исламски џихад на пат да лансира минофрлачи врз градовите во јужен Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ја продолжува соработката со палестинската агенција УНРВА

Тие наведуваат дека повеќе детали ќе соопштат подоцна, со оглед на тоа дека пукањето е во тек.

Весникот „Хаарец“ пишува дека Хамас разговара со шефот на египетската разузнавачка служба во обид да изврши притисок врз Израел да ги запре нападите во Појасот Газа.