Во инцидентот што се случи рано утрово на мостот на Крим, загина брачен пар, додека нивната ќерка е тешко повредена, соопшти гувернерот на Белгородската област.
Тој додаде дека девојчето е под лекарски надзор и дека кога лекарите ќе дозволат, ќе биде префрлено назад во регионот на Белгород.
„Сакам да изразам длабоко сочувство до семејството на починатите во име на сите нас, иако разбирам дека ниту еден збор не може да им ја одземе болката“, рече гувернерот.
Од руското Министерство за транспорт потврдија дека има оштетувања на мостот, но се уште не соопштуваат за каква штета станува збор.
Претходно денеска шефот на Крим извести дека на мостот имало „итен инцидент“, а сообраќајот е во прекин.
Повеќе извори потврдија дека мостот бил двапати погоден, пишува Си-Ен-Ен.
Гувернерот на Краснодар преку каналот Телеграм објави дека е формиран кризен штаб за координација на итните служби.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.