Две лица тешко повредени во сообраќајка на магистралата Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

На магистралниот пат Крива Паланка-Куманово кај селото Мождивњак, кривопаланечко, вчера околу 01:00 часот по полноќ, патничко моторно возило „фолксфаген голф„ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(31) од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот.

Loading...

Во незгодата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Л.В.(41) и С.М.(44) од село Псача, општина Ранковце и се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Leave a Reply