Две лица со кривична пријава за криумчарење на осум Авганистанци

Сподели со своите пријатели

Регионалниот Центар за ГР Југ поднесе кривична пријава против Р.Б. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, откако на 30 декември, во 00.45 часот кај с. Удово, гевгелиско, од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Опел Вектра“ управувано од пријавениот, а од прегледот на возилото биле затекнати четворица мигранти државјани на Авганистан.

Регионалниот центар поднесе кривична пријава и против А.А. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, откако на 29 декември на автопатот Гевгелија-Скопје на м.в. „Арсова лака“ полициски службеници во товарно возило „Ивеко“, управувано од пријавениот, при преглед пронашле четири мигранти државјани на Авганистан.

Пријавениот се дал во бегство, кога полициските службеници се обиделе да запрат неговот возило, но набргу потоа тој бил фатен во моментот кога влегувал во друго возило.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.