Две лица повредени во сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Биљановска“

Сподели со своите пријатели

Две лица се здобиле со полесни телесни повреди по сообраќајна несреќа која се случила вчера на крстосницата меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Биљановска“.

Во несреќата учествувале две возила, од кои едното марка „Хонда“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од триесетгодишниот К.А.Л. граѓанин на Софија и патничко моторно возило марка „Тојота авенсис“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот С.К. од Куманово.

И двајцата возачи се здобиле со телесни повреди од лесен карактер, а по укажаната помош во Општа Болница Куманово истите биле пуштени на домашно лекување.

По овластување од основен јавен обвинител на лице место увид извршиле полициски службеници од СВР Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.