Две лица повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца мотоциклисти вчера биле повредени во кумановско откако возачот изгубил контрола над мотоциклот.

Loading...

– На 19.04.2020 во 17,30 часот било пријавено дека на лoкалниот пат с.Г.Коњаре-с.Четирце, Б.Ј.(43) од с.Четирце-кумановско, управувајќи
мотоцикл „jамаха“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над мотоциклот, по што паднал на коловозот. Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а со повреди се здобил и 17 годишен сопатник, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply