Две лица повредени во пожарот на кулата Трамп во Њујорк

Сподели со своите пријатели

Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека пожарникарите реагирале во кулата на Трамп на Менхетен поради пожарот на последниот кат.

Две лица денеска се повредени во пожарот кој ја зафатил Трамповата кула во Њујорк, соопштуваат пожарникарите и додаваат дека огнот избил во системот за греење и климатизација.

Пожарникарите во Њујорк навеле дека добиле повик утринава во 7 часот по локално време за пожар на последниот кат од кулата.

Loading...

Во пожарот потешко е повреден еден цивил, како и еден пожарникар кој се здобил со полесни повреди.

На пожарникарите им бил потребен еден час да го изгасне пожарот во кулата Трамп на Петтатаа авенија во Менхетен.

Во таа зграда, во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, се наоѓаат луксузни апартмани и бизнис простории.