Две лица се повредени, од кои едно потешко, откако автомобил вчера излетал на патот Младо Нагоричане – Граничен премин Пелинце.
– На 12.05.2022 во 09.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце во атар на с.Младо Нагоричане патничко моторно возило “сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.М.(20) село Младо Нагоричане, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(19) од сселото Младо Нагоричане констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски