Две лица од Куманово осомничени за фалсификување исправи

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.С. (55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ откако во јули годинава, од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Голф“, управувано од пријавениот, а од извршениот преглед над истото, утврдено дека по пат на механичка обработка незаконски извршил промена на ВИН бројот на возилото.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава и против Б.Б.(54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Лицето на 3- ти септември оваа година од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Фолксваген Поло“, управувано од пријавениот, а од извршен преглед над истото, утврдено дека по пат на механичка обработка незаконски извршил промена на ВИН бројот на возилото.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.