Две лица од Крива Паланка и едно од Куманово го прекршиле полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Две лица од Крива Паланка и едно од Куманово го прекршиле полицискиот час во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

По однос на непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, во Куманово биле казнети 85 лица.

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (13.04/14.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 113 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 85, во Крива Паланка 24 и во Кратово 4 и за нив ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период три лица (едно лице во Куманово и две во Крива Паланка) не ја почитувале забраната за движење и ќе бидат соодветно санкционирани.

Никола Ивановски

Leave a Reply