Две кривични пријави за поседување дрога

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи поднесени се кривични пријави под сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С. (45) од Куманово. Имено на 10.03.2016 година, во Куманово на ул. „Октомвриска Револуција“ од страна на полициски службеници извршен е преглед во патничко возило „мерцедес“ во кое бил пријавениот, при што кај истиот е пронајдена паковка со 0,44 грама наркотична дрога марихуана.

Во вториот случај кривична пријава е поднесена против А.А. (23) од Битола поради сомнение дека сторил исто кривично дело. Имено на 28.02.2016 година, во КПУ-Куманово во с.Кшање од страна на затворските чувари извршен бил претрес во ќелија каде бил пријавениот и била најдена кутија со 0,62 грама наркотична дрога -хероин.