Две кривични пријави за електромонтери на ЕВН

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А. (39) од с.Опае – Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и „измама“ и  С.Д. (45) од с.Липково – Куманово  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

Loading...

Имено во 2013 година, Е.А. во својство на електромонтер вработен во „ЕВН Македонија“, КЕЦ Куманово, неовластено симнал електрично броило кое се наоѓало во домот на Х.М. во Куманово за кое истиот имал пријавено дека прикажува нереални износи и имал неподмирен долг кон „ЕВН“ во износ од 192.501 денари.

По ова Е.А. извршил незаконско преместување на електрични броила и тоа броилото кое се наоѓало кај лице Ќ.К го монтирал во домот на Х.М. а неговото претходно симнатото броило им го оставил за вградување во друга куќа, за да не плаќаат повторен надомест.

За извршената замена, Е.А. примил паричен надомест од 27.000 денари.

На 14.05.2013 година, С.Д. ја злоупотребил службената положба на тој начин што незаконски во системот за евиденција што се води во „ЕВН Македонија“ ги сменил матичните податоци на потрошувачот Ќ.К и ги впишал податоците на братот на М.Х. без соодветни документи. Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле „ЕВН Македонија“ КЕЦ-Куманово за износ од 222.501 денари.

Leave a Reply