Две интервенции бележат кумановските пожарникари во изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

На две различни локации вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово во изминатото деноноќие гаснеле запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 12:15 часот добиле повик за интервенција на запалена сува трева во атарот на селото Романовце. Веднаш на терен се упатиле тројца пожарникари со едно провипожарно возило и огнот го ликвидирале во 13:20 часот.

Запалена сува трева тројца пожарникари гаснеле и во атарот на Агино село во период од 18:25 до 19:50 часот.

 

Loading...