Две физички презметки пред маркет во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две физички пресметки се пријавени викендов дека се случиле пред маркет во Куманово во кој физички се нападнати две различни лица.

Loading...

Во првата пријава 45-годишен кумановец пријавил дека бил нападнат по претходно нерасчистени должничко доверителски односи.

– На 03.09.2022 во 23,00 часoт во Полициска станица Куманово Љ.С.(45) пријавил дека околу 22.00 часот пред маркет во Куманово по претходно нерасчистени должничко доверителски односи бил физички нападнат од Б.А., информираат од Министерството за внатрешни работи.

Неколку часа подоцна кумановец пријавил дека неколку лица му го претепале синот пред маркет.

– На 04.09.2022 во 03,10 часот во Полициска станица Куманово Ф.Д.(39) пријавил дека околу 00.50 часот пред маркет во Куманово неговиот син бил физички нападнат со тврд предмет од неколку лица, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Ќе бидеме дел од новата Владата, поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме

Не е јасно дали станува за два поврзани настани, но од полицијата потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Никола Ивановски