Две девојчиња повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две малолетни девојчиња биле повредени во сообраќајна незгода што викендов се случила на крстосницата кај зелениот пазар кај „Чоче“ во Куманово.

Loading...

– На 27.05.2023 во 21.45 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од бул.“Октомвриска Револуција“, ул.“Иво Лола Рибар“ и ул.“Ѓорче Петров“ патничко моторно возило “опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(23) од Куманово, удрило во две малолетнички од кумановско – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Општата болница Куманово.

Според билтенот на Центарот за управување со кризи, двете девојчиња се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени на лекување на скопските клиники.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал 75-годишната мајка

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски