Дванаесет новинари на „Телма“ прогласени за технолошки вишок

Сподели со своите пријатели

Менаџерскиот тим на телевизијата „Телма“ прогласи дванаест свои вработени за технолошки вишок, вработени новинари во информативната, културната и забавната редакција.

Синдикатот во телевизијата за „24 Вести“ изјавил дека тие не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци.

Синдикатот ќе бара на новинарите да им биде понудено друго работно место во телевизијата.