Двајца загинати во земјотресот во Калифорнија, илјадници без струја

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што во вторникот ја погоди северна Калифорнија, додека најмалку десетина луѓе беа повредени.

Loading...

Земјотресот оштети домови и патишта, ги искина комуналните линии и остави неколку илјади жители од областа во близина на градот Рио Дел без вода и струја.

Земјотресот се случил на околу 350 километри северно од Сан Франциско, а после тоа биле забележани 80 последователни потреси, пренесе АП.

Њусом им нареди на државните агенции и служби да преземат соодветни мерки за да ја обезбедат потребната помош на локалната заедница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија