Двајца убиени и четворица ранети во пукање во Ајдахо (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а четворица се повредени кога едно лице отвори оган во трговски центар во градот Боис во американската сојузна држава Ајдахо, соопшти локалната полиција, додавајќи дека осомничениот за нападот е уапсен.

Loading...

Како што утрово јави Гласот на Америка (VOA), дошло до размена на оган меѓу полицијата и осомничениот.

Меѓу повредените има и еден полицаец.

Полицијата го пребарала поголемиот дел од трговскиот центар во потрага по можни други жртви.

Информации за жртвите и осомничениот не се соопштуваат, а истрагата е во тек.

Началникот на полицијата во Бојз, Рајан Ли, изјави дека пукањето било пријавено во понеделникот во 13:50 часот, по локално време, кога било пријавено дека едно лице е „погодено“.

Кога полицијата пристигнала во трговскиот центар, забележала лице кое одговарало на описот на осомничениот.

Ли додаде дека истражителите веруваат дека немало други напаѓачи и дека нема закана за други граѓани.

Loading...

„Во овој момент не можеме да зборуваме за мотивот бидејќи би било прерано“, изјави началникот на полицијата.