Двајца странски државјани протерани поради нелегален влез заедно со бегалци

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден околу 08.00 часот, во близина на граничен камен 59 биле откриени две лица, и тоа државјанин на Р. Германија и Р. Бразил кои оствариле нелегален влез воР.Македонија заедно со група на мигранти и се упатиле кон прифатниот центар во Гевгелија при што сториле прекршок по член 9 од Законот за Гранична контрола.

Loading...

На лицата им е издадено Решение за протерување на странец од Р.Македонија со забрана за повторно влегување во Р.Македонија за период од пет години, и истите биле задолжени веднаш да ја напуштат територијата на Р.Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.