Двајца приведени поради кражба во Романовце

Сподели со своите пријатели

Две лица од липковското село Слупчане биле приведени под сомнение дека извршиле кражба од продажен објект во кумановско Романовце.

Loading...

– На 19.03.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.С.(18) и Н.М.(19) двајцата од село Слупчане, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, тие се сомничат дека на 28.02.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети.

А.С. и Н.М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски