Двајца претставници на ЦИД од Куманово станаа дел од Советот на Европа

Сподели со своите пријатели

Генералниот секратар на Центарот за интеркултурен дијалот, Милош Ристовски е избран во извршниот одбор на Советодавно тело за Млади при Советот на Европа, а неговиот мандат ќе трае 2 години почнувајќи од Јануари 2016.

Посветеноста на Советот на Европа за потикнување на поголемо учество на младите се демонстрира преку воспоставениот систем на ко-менаџмент. Ова значи дека претставници од младински невладини организации заедно со владини претставници од земјите членки на Советот на Европа одлучуваат заедно за приоритетите, програмите, препоракита како и за буџетите за младинскиот сектор. Овие заеднички утврдени предлози подоцна се усвојуваат од Советот на Министри, кое е одлучувачко тело во Советот на Европа.

Ова е голем предизвик за мене во наредните 2 години. Овој процес ќе ми отвори можност да ги надоградам моите вештини за претставување на младите пред различни чинители во Советот на Европа. Сакам да напоменам дека ова не е само мој личен успех, туку и на организацијата од каде доаѓам, па ако сакате и на Македонија. Имено, јас сум единствениот од Македонија во извршниот одбор на ова тело. Исто така овој успех е резултат на континуитетот на ЦИД како организација во чиј фокус се младите. ЦИД оваа година прославува 10 години постоење, и токму во ЦИД јас се здобив со квалификации, искуство и знаење кои се потребни за денеска да бидам во Советодавно тело за млади при Советот на Европа – вели Ристовски.

cid1

Loading...

 

Дека ЦИД е силно препознатлива организација на европско ниво говори и фактот што Матеј Маневски од јануари е избран во Програмскиот комитет при Советот на Европа. Програмскиот комитет ги утврдува, следи и оценува програмите на Европските младински центри и на Европската младинска фондација. Значи имаме двајца претставници од Куманово во Советот на Европа со седиште во Стразбур. Ова е прв пат Македонија да има двајца свои претставници во ова тело.