Двајца пожарникари вчера побарале помош во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Двајца пожарникари вклучени во гаснење на пожарите во Куманово и Старо Нагоричане, вчера побарале лекарска помош во кумановската болница.

Надлежните од болницата информираа дека вчера помош на интерното одделение побарале и двајца пожарникари кои по укажаната помош веднаш се пуштени на домашно лекување, јавува МИА.

 

Изгорени куќи, штали, опустошени стотици хектари шума во Куманово и Североистокот (ФОТО)

 

Инаку според последните информации од терен пожарот во Кокино делумно е ставен под контрола, но гори терен кој е непристапен за возила и мора да се гаси рачно. Вклучените во пожарот очекуваат да им помогне и еден од армиските хеликоптери кој во моментот гасне во Кочани.

Во моментов има пожар на спротивната страна на ридот кој е префрлен во атар на село Бељаковце (општина Куманово) каде гори нискостеблеста дабова шума која во моментов ја гасат кумановските пожарникари.

 

Сѐ уште активен пожарот во липковско Белановце

 

Во 12 часот е закажана седница на Кризниот штаб на општината Старо Нагоричане.

Никола Ивановски

Leave a Reply