Двајца повредени во сообраќајна незгода на патот кон село Романовце

Сподели со своите пријатели

Двајца повредени, од кои едно лиц епотешко е билансот на сообраќајната несреќа што вчера попладне околу 14:30 се случила на локалниот пат Куманово – село Романовце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во сообраќајната несреќа учествувале патничо моторно возило марка „Даеву Тико“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Џ.А. (56), како и „Шкода Фелиција“ со скопски таблички управувано од четириесетиедногодишниот Д.Т.

Во незгодата сопатничката од возилото марка „Даеву Тико“ Ф.А. (80) од село Лопате-кумановско, се здобила со тешки телесни повреди, односно фрактури на вратна долна надлактна коска и на вратен пршлен, која по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар – Куманово била префрлена во Ургентен центар – Скопје. Возачот од истото возило се здобил со телесни повреди и бил задржан за лекување во кумановската болница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи – Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.