Двајца полицајци измиле садови и го средиле домот после интервенција (фото)

Сподели со своите пријатели

Двајца полицајци од Ајндховен, Холандија, по добиен повик за интервенција, заминале на задача откако мајка на пет деца им се јавила дека не се чувствува добро и мора да замине во болница.

Loading...

12239680_1203676992984389_1929705512342340310_n

Младата мајка која доживеала шок предизвикан од хипергликемија, се јавила на полицијата за да ги згрижи нејзините пет деца бидејќи таа мора да замине во болница, по што двајцата полицајци, откако повикале брза помош, останале дома со децата, ги нахраниле, а потоа ја средиле кујната.

Својот несекојдневен чекор го снимиле со селфи фотографија која многу бргу ги обиколи социјалните мрежи, а беше преземена и од сите познати светски медиуми.

Со овој гест, како што полицајците навеле на нивната фан страна на Фејсбук, се обиделе да ја покажат и другата страна на полициската работа, а не само онаа кога полицијата казнува и санкционира.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.