Двајца Палестинци беа убиени во рација на израелската армија

Сподели со своите пријатели

Двајца Палестинци загинаа, а 11 се ранети во напад на израелските вооружени сили на Западниот Брег, пренесува АП.

Loading...

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека тројца од ранетите се во критична состојба.

Рацијата беше извршена во бегалскиот камп Џенин, местото на чести судири меѓу израелските сили и палестинските милитанти.

Палестинските власти соопштија дека војниците влегле во кампот рано во саботата и опколиле куќа.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи се слушаат истрели.

Израелската армија соопшти дека уапсила едно лице и дека имало размена на оган за време на операцијата, но не соопшти повеќе детали.

Пред три дена, израелските сили убиле еден Палестинец за време на престрелки на окупираниот Западен Брег, во судири кои продолжуваат секојдневно.

Најмалку уште шест Палестинци, вклучително и двајца новинари, се ранети од израелски оган, а десетици луѓе се лекувани за вдишување солзавец, изјавија лекарите од местото на настанот за Ројтерс.

Loading...

Израел вели дека повеќето од убиените се екстремисти, но и локални жители кои протестираат поради рациите.