Двајца малолетници повредени во сообраќајка во кумановско

Сподели со своите пријатели

Двајца малолетници биле повредени при судир на мерцедес и мопед во кумановското село Сопот.

Loading...

– На 22.03.2022 во 12.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од О.Л.(19) од Куманово и мопед, управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од селото Горно Којнаре, кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски