Двајца кумановци приведени поради тешка кражба

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера околу 04:05 часот на булеварот „Октомвриска Револуција“ ги лишиле од слобода Б.Б.(47) и В.Д.(39), двајцата од Куманово, поради сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од кумановската полиција.

Loading...

Кај нив биле пронајдени и одземени текстилна стока, разновидни алати, техничка стока и други предмети.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply