Двајца кумановци осомничени за физички напад и кражба во нас. Карпош

Сподели со своите пријатели

Како што јавува СВР Куманово, на 9 ноември, поточно околу 22,00 часот во населбата Карпош во Куманово,  додека  В.Н. (34) од Скопје седел во своето возило, по кратко време дошол С.А.(22) со кого се познавале од порано, како  и Б.М.(21) и двајцата од Куманово кој започнал да му бара пари на В.Н.

Loading...

Истиот потоа физички го нападнал по што му го одзел мобилниот телефон и го напуштиле местото на настанот.

Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово, осомничените се пронајдени и приведени, извршен е разговор со истите и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.