Двајца кумановци нападнале сограѓанин со нож среде бел ден

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 16.00 часот во Куманово на улицата „Моша Пијаде“, Д.П. (23) од Куманово без повод и причина физички бил нападнат од страна на лицата М.Т. (25) и М.П. (35), двајцата од Куманово. Притоа, М.Т. со нож му нанел на Д.П. расекотина на главата над левото уво, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Д.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош истиот бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.