Двајца кумановци ќе одговараат за тешки телесни повреди, а тројца за насилство

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи Секторот за внатшрени работи поднесе кривична пријава за неколку лица, под сомнение дека сториле кривични дела, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г. (38) и Д.М. (37), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Имено на 06.05.2016 година, по претходна расправија, пријавените на едно лице му нанеле тешка телесна повреда удирајќи го со тупаници по главата и телото.

Во вториот случај СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Р. (42), С.С. (40) и М.С. (20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Во јануари 2016 година, во ресторан во Куманово, пријавените физички го нападнале А.К. удирајќи го со тупаници по телото, при што му нанеле телесни повреди.