Двајца кумановци ќе одговараат за насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.А.(59) и С.А.(20), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, на 30.07.2019 година околу 14,00 часот во Куманово на улица „Димитрије Туцовиќ“, пред угостителски објект, по претходна вербална расправија, пријавените заедно со уште едно непознато лице, физички го нападнале Е.В.(24) од Куманово, при што со тврд предмет му нанеле повреди.

Leave a Reply