Два случаи со „фалсификување службена исправа“ со жители на Липково

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи Секторот за внатрешни работи поднесе кривични пријави против жители на Општина Липково поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување службена исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Loading...

Во првиот случај како што инфорнираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(41) од село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и против В.Ј.(62), од село Матејче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Како што додаваат од полицијата, на 14.03.2019, првопријавениот, нотар, постапил спротивно на одредбите од Законот за нотаријатот, при што за сума од 450 денари изготвил нотарски акт со невистинита содржина, на начин што навел дека М.Р. од село Матејче го овластил второпријавениот да го застапува пред Отсек за управни работи Куманово, иако М.Р. во време на составување на нотарскиот акт бил во странство.

Притоа, второпријавениот како примател на полномошно лажно се потпишал во име на М.Р., по што ваквиот нотарски акт го употребил во правниот сообраќај пред Отсек за управни работи Куманово во врска со постапката за издавање на уверение за државјанство на М.Р.

Во вториот случај СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(41) село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и Р.Р.(55) од село Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Според полицијата, на 11.03.2019, првопријавениот, нотар, постапил спротивно на одредбите од Законот за нотаријатот, при што за сума од 450 денари изготвил нотарски акт со невистинита содржина, на начин што навел дека Ќ.Р. од с.Липково го овластил второпријавениот да го застапува пред Отсек за управни работи Куманово, иако Ќ.Р. во време на составување на нотарскиот акт бил во странство.

Притоа, второпријавениот како примател на полномошно лажно се потпишал за сметка на Ќ.Р., по што ваквиот нотарски акт го употребил во правниот сообраќај пред Отсек за управни работи Куманово во врска со постапката за издавање на уверение за државјанство на Ќ.Р..

Leave a Reply