Два силни земјотреси на рускиот полуостров Камчатка

Сподели со своите пријатели

Два силни земјотреси денеска во раните утрински часови го погодија рускиот полуостров Камчатка.

Loading...

Првиот земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала се случи во 09:45 часот по локално време, односно 00:45 часот по московско време, а помалку од еден час подоцна беше почувствуван и втор земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала. пренесува РИА Новости.

Епицентарот на двата земјотреси бил на 83 километри од селото Уст-Камчатка, на длабочина од 21, односно 17 километри, соопшти Министерството за вонредни состојби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без учество на Техеран во истрагата на ОН за репресијата на учесниците на протестите

Минатата недела земјотрес предизвика ерупција на вулканот Кључевска Сопка, на крајниот исток на Камчатка.