Два пожари на територија на Куманово за едно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, екипата на ТППЕ Куманово бележи две интервенции.

Loading...

Пожарникарите во попладневните часови гаснеа пожар во  атарот на с. Доброшане, каде било пријавено опожарено стрниште со површина од околу 5000 м2 . На лице место е интервенирано со едно ПП возило и тројца пожарникари,

Втората интервенција е регистриран во с.Речица на запалена сува трева, каде исто така е интервенирано со едно возило и тројца пожарникари, соопштува РЦУК во дневниот извештај.