Два пожари вчера беснееле во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што инфомираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден пожарникарите бележат две интервенции на гаснење пожар.

Loading...

Во првиот случај околу 12:30 часот било пријавено дека гори сува трева во м.в. Багрем Бања. На повикот веднаш се јавиле тројца пожарникари со едно возило и за помалку од еден час огнот бил локализиран.

Втората интервенција ја бележат во с. Романовце кога во 14:30 тројца пожарникари со 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште со непозната површина. Пожарот е изгаснат за помалку од еден час.

И двата пожари немаат предизвикано позначителна материјална штета.