Два напади од кучиња скитници вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетно девојче од Куманово и 64-годишен кумановец во два одвоени случаи во Куманово вчера биле каснати од кучиња скитници.

Loading...

– На 17.11.2022 година во СВР Куманово, С.Ј.(39) од Куманово пријавила дека во дворот на основно училиште на улицата „Народна Револуција“ во Куманово нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во вториот случај нападнат бил 64-годишен кумановец.

– Истиот ден и Б.А.(64) пријавил дека на крстосницата од ул.„Тоде Мендол“ и бул.„Трета македонска ударна бригада“ бил каснат од куче скитник, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Никола Ивановски