ДВА МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Трудница влета на венчавката и направи скандал за паметење (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Двојката беше само неколку моменти од бракот кога една бремена жена упадна во нивната церемонија тврдејќи дека го носи детето на младоженецот, оставајќи го парот пред олтарот во целосен шок.

Loading...

Нивната прекрасна церемонија на отворено ја прекина несакана гостинка, бремена жена која започна да вика на младоженецот, а еден од гостите на свадбата, што се одржа во Детроит, Мичиген, го снимил непријатниот момент и го сподели на популарната апликација TikTok.

Краткото видео ги прикажува младенците на нивната свадба додека свештеникот ги чита светите завети. Тогаш се појави лута жена од никаде, им пристапи од позади и почна да вика на младенците.

„Ентони! Се преправаш дека не ме познаваш? Не ги испи своите лекови денеска?”

Свештеникот се обиде да ја игнорира и да продолжи со заветите додека гостите коментираа и ја загледуваа ситуацијата во зачуденост.

„Ентони! Знам дека можеш да ме чуеш! Ти се однесуваш како да не ме познаваш… Јас го носам твоето бебе!“, продолжи трудницата.

Дури тогаш ќерката на невестата ги фрли цвеќиња од букетот, кои ги имаше во рацете, врз жената.

„Подобро ја напуштиш свадбата на мајка ми. Што не е во ред со тебе? Што не е во ред со тебе?”, викаше нејзината ќерка.

Loading...

Друг гостин се обидел да ја задржи, но безуспешно.

Видеото стана многу популарно во апликацијата TikTok уште од објавувањето и заработи скоро два милиони прегледи.

 

@danielleondemand

Pregnant 🤰🏾side chick crashes wedding #foryoupage #drama #wedding #sidechick

♬ original sound – DANIELLE ON DEMAND

Leave a Reply