Два литри дожд вчера во Куманово, нестабилно и денеска

Сподели со своите пријатели

Два литри воден талог на метар квадратен вчера паднале на територијата на Куманово, покажуваат денеска податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најмногу дожд вчера имало во соседна Крива Паланка, дури 24 литри на метар квадратен.

И денеска нестабилно

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди.

Од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време претпладне. Во попалдневните часови ќе настапи зголемување на облачноста, при што се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмотевици. Максималната дневна температура во кумановско денеска се очекува да достигне до 26 степени, според порталот за временска прогноза accuweather.

Во следните денови, како што додаваат од УХРМ, во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply