Loading...
Шумски пожар веќе два дена гори во планините јужно од браната Глажња во Општина Липково, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според Шумско стопанство Куманово, пред два дена, на 22ри јуни, кај м.в. Вуксан во селото Стрима избувнал пожар на сува трева и нискостеблеста шума.
Пожарот, според надлежните, е на непристапен терен каде не може да се интервенира со моторни возила, па четворица вработени во кумановското Шумско стопанство рачно се обидувале да го стават пожарот под контрола.
Според последните информации од билтенот на РЦУК утринава, пожарот е ставен под контрола и засега нема опасност од негово ширење.
Никола Ивановски