ДВ: Итната помош во Германија пред колапс

Сподели со своите пријатели

Многу повици, малку персонал: итните служби во Германија се на работ на исцрпеност.

Loading...

Виновниците се комплицираните структури и неспроведените реформи, приказната ја пренесува Дојче веле.

Тринаесет повици за 24 часа – Катрин Молер зад себе има интензивна ноќна служба во итната медицинска помош, каде што работи како медицинска сестра.

По лекарската, таа е најодговорната професија во медицинската област, а стресот е огромен.

Молер работи во службата за брза помош скоро 14 години. Товарот не е голем само за неа.

Генерално, состојбата во итните служби во земјава е толку тензична што здруженијата на медицинските работници предупредуваат на можен колапс.

„Се изложуваме на опасност системот за итна помош во Германија да пропадне“, предупредува Оливер Холтерс од Комисијата за трудово право на Каритас.

„Населението се чувствува безбедно бидејќи им беше ветено дека помошта ќе пристигне за само неколку минути. Но, тоа, веќе можеме да кажеме, е измамливо ветување.

Loading...

Тоа го покажува примерот на автобуска несреќа во Берлин, кога брзата помош доцнала на местото на несреќата бидејќи немало возило.

Спасувачката индустрија истовремено ја мачат неколку проблеми: според податоците на нивното здружение, евидентирани се 20 отсто повеќе повици за помош во однос на претходната година, а освен тоа има недостиг од кадар, што резултира со преоптоварување на спасувачите.

Медицинските сестри и болничарите ја напуштаат службата бидејќи мораат да работат подолго и подолго.

И клиниките и болниците ги достигнуваат своите граници. И тие имаат недоволно персонал, што значи дека може да се примаат помалку пациенти, па службите за итни случаи сè почесто ги одвраќаат и ги испраќаат дома.

Оливер Холтерс е еден од иницијаторите на новооснованото „Здружение на служби за брза помош“, на кое припаѓаат уште пет други здруженија, меѓу кои и Германското здружение на професионални работници за брза помош.

Потпретседателот на ова здружение, Френк Флејк, и самиот долгогодишен лекар и раководител на одделот, во интервју за ДВ ја опиша ситуацијата вака:

„Пред неколку години брзата помош можеше да ги превезува пациентите до најблиската болница. Сега, во одредени околности, тоа веќе не е можно, бидејќи болницата повеќе не може да се справи со притисокот и нема капацитет да ги прими тие пациенти што го продолжува возењето со брза помош од час на час и половина или два. Во комбинација со други фактори, тоа е циклус што го води целиот систем до колапс“.

„Не повика млад човек бидејќи имаше трепки во окото“

Катрин Молер редовно е сведок на оваа надолна спирала. Од тринаесетте повици за итни случаи што ги имала во изминатата 24-часовна смена, само два биле навистина итни.

Loading...

„Останатите беа безначајни повици. Неодамна ни се јави еден млад човек на околу 30-ти затоа што имаше трепки“.

Молер додава дека таквите „спасувачки“ акции бараат време, чинат енергија и на крајот се „бескрајно фрустрирачки“.

Многу даватели на услуги, малку јасност

Службите за итни случаи во Германија се повикуваат на акција повеќе од 30.000 пати на ден.

Студијата, нарачана во април 2022 година од фондациите Бертелсман и Бјорн Штајгер, покажа дека една третина од повиците не биле итни случаи.

Излегува дека први одговорни често се „социјални услуги“, вели Флејк.

Ни се јавуваат луѓе, кои сме осамени и немаат контакт. Ако се јавите на 112, доаѓаат убави млади луѓе и разговараат со вас.

Во Германија има широк спектар на услуги: општи лекари, ординации за викенд, итни приеми во клиниките, дежурства на Здружението на лекари за законско здравствено осигурување, до кои може да се дојде на 116, 117 или 112, што во најдобар случај значи дека итната служба може да го земе пациентот за само неколку минути.

Но, колку и да е широка понудата и во некои метрополи да има густа мрежа, таа е и нетранспарентна.

Loading...

„Во овој момент протокот на пациенти е целосно неконтролиран, секој прави што сака“, вели Флејк.

Тоа значи дека доколку пациентот се јави на 112 ќе пристигне итната помош, дури и на лице место да се покаже дека животот на пациентот не е во опасност.

Реформи на чекање

Има многу идеи за реформирање на системот: една од нив е централен телефонски центар за броевите 112, 116 и 117, кој ги одделува случаите кои не се вонредни и ги препраќа до други амбулантни возила.

Ваков систем беше воведен во соседството, во Долна Австрија. Замисливо е и проширување на телемедицината со која лекарите ќе можат да го направат првиот преглед по телефон или видео повик и евентуално да издаваат рецепти.

Во некои заедници во северна Германија, се тестира и нов концепт на итна медицинска помош.

Тој треба да ги ослободи службите за итни случаи од неитни патувања – на пример стари лица кои се несигурни и осамени и затоа се јавуваат на 112.

Loading...

Овие пилот проекти веќе се опфатени со научни трудови кои покажуваат дека формирањето на специјален персонал кој ќе се грижи за оваа категорија на пациентите, тоа всушност го олеснува системот.

Сепак, сеопфатните реформи и новите концепти, како овој, сè уште не се спроведени, иако предлогот за реформи на тогашниот министер за здравство, Јенс Шпан, веќе беше на маса пред пандемијата на корона.

На пример, тој замислил заеднички Контролен центар за итни случаи 112, 116 и 117.

Но, има една работа што ја отежнува секоја реформа: спасувачките служби, т.е. итна помош, е работа на провинциите во Германија и секоја сама одлучува како за структурирање на овој сегмент.

За здруженијата како „Здружението на служби за брза помош“, оваа околност претставува „кочница“ што го оневозможува решавањето на актуелната криза.

Loading...

На пример, Заедничките медицински услуги за итни случаи не може целосно да се имплементираат бидејќи Законот за итни услуги (кој секоја провинција го усвојува за себе) не дозволува имплементација и финансирање.

„Единствено остварливо решение е да се купат нови амбулантни возила, иако сите знаат дека тоа е погрешен пристап“, вели Флејк.

И без персонал, дополнителните амбулантни возила немаат никаква корист. А сепак, градовите и окрузите често реагираат токму на овој начин.

Минатата година Градот Келн одлучи да набави 85 нови амбулантни возила, одвоени над 18 милиони евра.

Покраините не се согласуваат државата да одлучува што да прави

Реформата на Шпан предвидуваше повлекување на некои овластувања од јурисдикцијата на провинциите.

Loading...

Здруженијата како „Здружението на Брза помош“ одат чекор понатаму и бараат промена на Уставот.

Бидејќи во моментов, според законот, итните служби се само транспортни услуги, а не дел од службите за итни случаи.

Федералната влада нема пристап и не може, на пример, да ја распредели работата на службите за итни случаи на општините.

За да се смени тоа би требало да се смени Уставот, на што би требало да се согласат сојузните држави. Но, тие се спротивставуваат.

Министерката за социјални работи на Долна Саксонија, Карола Рајман, за реформските планови вели:

„Ова значи дека има централни, државни задачи и дека не можеме да развиеме диференцирани локални решенија. А според Уставот, покраините се одговорни за итно спасување Тоа има смисла и тоа е најдобриот начин да се одговори на барањата низ Германија, бидејќи локалните услови не се униформни, односно не се исти ниту во Германија, ниту во Долна Саксонија“.

Loading...

Во меѓувреме, реформата сѐ уште е во тек. Новата федерална влада досега не ја „извадила од нафталин“ и ја земала предвид во рамките на планираната реформа на болничкиот систем.

И така, службата за итни случаи останува крпеница во Германија. Се оди толку далеку што дури и законската дефиниција за тоа кога службите за итни случаи треба да бидат со пациент варира.

Во Северна Рајна-Вестфалија е дванаесет, а во Хесен десет минути. Освен што овие две минути разлики не можат медицински да се објаснат, сè поретко е да се запазат овие рокови.

Минатата година, во Саксонија-Анхалт, службите за итна помош успеале да стигнат до пациентот во наведениот рок само во 83 отсто од случаите.

Остатокот мора да почека – дури и ако тоа е потенцијално опасно по живот.

Loading...